Салвини предупредува на поголем ризик од терористи на бродови со мигранти

40
ФОТО: EPA / DANIEL DAL ZENNARO

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска предупреди дека хаосот во Либија, предизвикан од офанзивата на генералот Калифа Хафтар, го зголемува ризикот од присуство на терористи на мигрантските бродови кои се упатени кон Италија.

– Исламската терористичка инфилтрација повеќе не е закана, таа стана извесност: поради тоа, моја должност е да повторам дека на италијанскиот брег повеќе нема да биде дозволено закотвување на бродови – рече Салвини.

Тој не одговори дали ставот на Италија ќе се смени во случај на општа војна во Либија.

ФОТО: EPA / DANIEL DAL ZENNARO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...