ОД СЕМЕЈНИТЕ АЛБУМИ НА КАНДИДАТИТЕ Гога се заборава пливајќи во Јужна Македонија

9679

Кога Гордана Силјановска Давкова тргна да освојува гласови низ Македонија, како кандидатка за претседател на државата поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, многу нејзини пријатели на социјалните мрежи се согласија дека Гордана, која, како што велат, плени со својата харизматичност и шарм, непосредност, но истовремено како силен и храбар борец за правда ќе биде опасен играч на политичкиот мегдан, кој во Македоноија сѐ уште е резервиран за мажите.

– Македонија, политиката и Јустиција – сите се во женски род. Жената, со својата специфична природа и пристап кон проблемите, може да биде силна и може да го менува општеството, ама и начинот на кој се води државата. Ние можеме… – порача професорката Гордана Силјановска Давкова, останувајќи доследна на кажаното и во последната недела од изборната кампања велејќи дека на „татковината ѝ треба мајка“.

Силјановска Давкова, родум охриѓанка, ден пред инагурацијата на новиот македонски претседател, на 11 мај ќе го прослави својот 64 роденден. Вели дека се родила во најубавиот град во Македонија, но Скопје е градот на нејзината младост, на студентските денови на Правниот факултет, на нејзината кариера. Тука ја запознала својата најголема љубов, сопругот Благоја, со кого се во брак триесетина години. Имаат две деца Марија и Павле, и двајцата се правници. Професорката е семеен човек кој ја чува интимата за себе. Не споделува многу приватни моменти. Сака да поминува време со семејството, а одморите ги минувала во Охрид или, како што вели, во Јужна Македонија.

Силјановска Давкова е страствен пливач. Знае да плива со часови и да се заборави во морската шир. Патувањата надвор од овие две дестинации ѝ се службени. Како професор и член на светската асоцијација на конституционалисти има прошетано голем дел од светот.

Во жижата на кампањата по напорните митинзи низ земјава, Силјановска Давкова ни откри дека „благодарение на Јога со Гога секој може да има добра нога“, но да има и здраво тело, ум и дух. Како страствен обожувач на рокенрол, Силјановска заигра во ритмот на музиката, а наредниот ден од митинг во метрополата со крената тупаница порача „Да живее Македонија“.

Погледнете ги фотографиите од приватниот албум на Силјановска Давкова!

Напомена: Забрането е преземање на фотографиите кои се од личната архива на семејството на Силјановска, а се дадени за употреба на порталот Плусинфо и за печатеното издание на „Слободен печат“


Промоција на Филип Џенти од Универзитетот Колумбија во професор Honoris Causa на УКИМ

rpt

На Глобален самит на жените…

Во родниот Охрид, во Градиште.


Гордана во „Јужна Македонија“

На црвениот тепих…


Со колеги од Правниот факултет при УКИМ


Со синчето Павле…

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...