Има условен напредок во преговорите, бидејќи како одиме напред доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење. Работевме по логиката што е тоа што е најважно за едната страна и за другата страна и дали можеме во компромисот кон кој се движиме да ги покриеме двете работи, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по денешната седумчасовна средба со својот грчки колега Никос Коѕијас и медијаторот на ОН, Метју Нимиц, во Виена.
– Меѓутоа нѐ зачудува што колку отворено и поконкретно чекориме кон решение, така и тешкотиите излегуваат сѐ повеќе на виделина – изјави шефот на македонската дипломатија.
Mедијаторот Нимиц оцени дека има позитивен напредок во преговорите, но сепак остануваат тешки прашања што треба да се надминат.
Според него, цел ден тие имале и тоа бил продуктивен состанок, што го наведува да биде оптимист за иднината.
– И двајцата министри се фокусираат на дологорочните односи, на стабилноста во регионот, на важноста од добри односи помеѓу двете земји и имам надеж дека ќе продолжиме да работиме со овој позитивен пристап – додаде Нимиц по средбата.