Има позитивен напредок во преговорите , но сепак има потешкотии на кои треба уште да се работи, кои треба да бидат надминат, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со минитрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Виена, која траше седум часа.
– Имавме добра дипломатска средба, и двете земји се фокусирани на подобра иднина, Средбите ќе продолжат, но има напредок. Двете страни се фокусирани на зацврстување на меѓусебните односи – рече Нимиц.