Дерковски го чека тој со пиштолот во ДИК ВИДЕО

1013

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски утрово на својот Фејсбук профил се пошегува на предупредувањето од граѓанин кој на митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека со пиштол ќе им појде во ДИК оти го избришале од избирачкиот список и не може да гласа.

– Добро утро од ДИК (го чекаме овај со пиштолот на кој што му беше речено да дојди) што би рекле комшиите: шта речи, а не заплакати!, напиша Дерковски.

На вечерашната трибина на Пендаровски во Гостивар, граѓанин на Гостивар се закани дека вооружен ќе влезе во Државната изборна комисија поради тоа што според него, од таму го избришале од избирачкиот список.

– Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас, има многу гостиварци избришани. Ве молам да се преземе мерка, се обрати револтираниот граѓанин до Пендаровски.

Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.

-Ќе им појдам со пиштол, рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...