Роковникот на ДИК отчукува, во тек се последните подготовки за гласањето в недела

72

Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените локални во три општини. Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.

Денеска на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.

Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на денешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...