Македонија загуби од Косово во ФЕД Купот

122
Женската тениска репрезентација на Македонија денеска беше поразена од Косово во ФЕД Купот со вкупен резултат 1:2.

Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа ги загубија своите дуели во сингл и тоа се покажа како клучно за конечниот исход.

Стоилковска во првиот натпревар изгуби од Доника Башота со 2:6, 6:3, 5:7, а потоа Ѓорческа доживеа пораз од Арлинда Рушити со 1:6, 6:3, 2:6.

Единствената победа нашите тенисерки ја остварија во двојки, каде Ана Ристевска и Александра Симева славеа против Ѓинај и Укехаџај со 6:4, 6:1.

Македонските тенисерки утре се слободни, додека во четврток играат со Алжир. Во последното коло во петок ќе се соочат со Кипар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...