Свештеникот Жан Марк Фурние, кој е и капeлан на противпожарната бригада на Париз, влетал во катедралата Нотр Дам заедно со пожарникарите и од пламените јазици успеал да ја спаси „Круната од трње“ и Благословениот сакрамент, реликвии за кои што се мислеше дека исчезнале во катастрофалниот пожар кој вчера попладне зафати дури две третини од црквата.
– Отец Фурние е апсолутен херој. Тој не покажа страв кога втрча право по реликвиите во катедралата и ги спаси. Тој секој ден се носи со животот и со смртта и не покажува страв, изјавил припадник на службата за Итна помош, пренесоа француските медиуми.
Херојството го потврдил и уредникот на француската католичка телевизија КТО Етјен Лораије.
– Отецот Фурние влезе со пожарникарите во катедралата Нотр Дам за да ги спаси Круната од трње и Благословениот сакрамент, изјавил Етјен Лораије.
-
More
This is Father Jean-Marc Fournier, Chaplain of the Paris Firefighters
@PompiersParis, who ran into the cathedral with them, to save the Crown of Thorns and the Blessed Sacrament. “He showed no fear at all as he made straight for the relics […], and made sure they were saved.”