И македонскиот јазик доби Ден – 5. мај, ама работен

511

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 130-та седница донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, како празник од работен карактер.

– Одлуката овој  датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...