Основци од Битола се исекле со нож играјќи ги опасните „Момо“ и „Синиот кит“

146

Четворица основци од Битола се самоповредиле играјќи ги опасните интернет предизвици „Момо“ и „Синиот кит“ – изјави директорот на ОУ Коле Каниски од Битола, Зоран Мирчевски, објави ТВ 24.

Тие откриле четворица ученици од тоа училиште кои имале исекотини, но според непотврдени информации, бројката е далеку поголема и во другите училишта низ градот.

Мирчевски вели сѐ се случило надвор од училиштето и за сѐ биле информирани и МВР и родителите.

– Да, во нашето училиште има 4 случаеви на самоповредување во однос на играта која се вика Момо или Синиот кит. Таквите случки се случија надвор од училиштето, не во самото училиште, но како училиште, како воспитно образовна установа презедовме мерки. Учениците се викнати на разговор исто и родителите нивни. Случајот е пријавен во МВР и во центарот за социјални грижи. Надвор од училиштето имало некоја игра која ги наведувало учениците на самоповредување, сечење по раце. Направивме еднапроверка со припадници на МВР и утврдивме четири такви случаеви.- изјавил Мирчевски.

Според него, случајот бил пријавен во полиција на крајот на минатиот месец. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште.

– Во моментот не, но подоцна да. Носење на ладно оружје нож. Како мерка се проверуваат учениците на прв час. Мислам дека е масовно, преку разговори имам разбрана дека да, но со сигурност да тврдам не можам – изјави Мирчевски.

Од МВР нема потврда за настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...