Вељаноски бил кај Русковска да ги проверува доказите за „27 април“

415

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски утрово бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да направи увид во доказите од случајот за „27 април“, потврдија за Плусинфо од обвинителството.

Тој е еден од осомничените во новата истрага што ја отвори шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, која се однесува на организаторите и нарачателите на „крвавиот четврток“. За него се бараше притвор, но Собранието не му го одзема бидејќи Талат Џафери не го стави на гласање во рокот во кој требаше да се гласа.

Покрај Вељановски, во истрагата осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и разузнавачот Никола Бошковски кој е во бегство во Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...