Маскирано и вооружено лице вчера извршило грабеж во казино во Дебар, кое се наоѓа на главната улица „8 Септември“ во градот.
Според полициски извор разбојникот насилно влегол во објектот и под закана со пиштол одзел, според првичните информации, голема сума на пари.
-Разбојништвото, во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, е прјавено на 15 април во 4.50 часот. Се преземаат потребните мерки за пронаоѓање на сторителот – изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Во постапката ќе бидат корстени и снимките од безбедносните камери.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...