Двајца пешаци вчера завршиле со тешки повреди, соопшти МВР.
Во село Обрашани, прилепско, патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(51) од село Пашино Рувци, прилепско, удрило во пешакот П.Ш.(53) од село Обрашани. Со тешки телесни повреди се здобил П.Ш. и му била укажана помош во болницата во Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
На булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(49) од Гостивар, удрило во пешакот З.А.(66) од село Трново, гостиварско. З.А. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.