Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, рече дека се уште нема планови да ја напушти Формула 1 и дека не знае што ќе работи по завршување на кариерата.
– Чувствувам дека сум во врвна форма. Знам што правам, многу сум самокритичен, амбициозен и имам големи барања од себе. Сакам да возам, ми се допаѓа чувството на брзина и борбата со другите пилоти. Не можам да заминам утре, затоа што ќе го пропуштам сето ова. Имам договор. Но, тоа е само парче хартија. Па ајде да видиме што ме чека во иднина – изјави Германецот.
Себастијан Фетел во моментов со 37 бода е на 4.место во пласманот во Ф1 шампионатот. Пред него се Хамилтон со 68 (Мерцедес), Ботас (Мерцедес) со 62 и Верстапен (Ред Бул) со 39 бода.