Му ја фрлиле порноколекцијата на синот, сега тој бара од нив 85.000 долари

234

Маж од американската сојузна држава Мичиген подигна обвинение против своите родители, оти му ја фрлиле в ѓубре колекцијата на порносписанија, филмови и сексуални помагала, вредна околу 29.000 долари.

Неименуваниот 40-годишен Амерканец од мајка му и татко му побара отштета од 85.000 долари. Тие пак, неговата „порноопсесија“ ја споредија со зависност од кокаин и нагласуваат дека тоа го сториле за негово добро. Порноколекцијата била спакувана во 14 кутии.

Мажот во 2016 година по разводот се вратил дома кај родителите, а по 10 месеци се иселил и ги замолил да му ги испратат неговите работи на новата адреса во Индијана.

Тој за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште и, како што вели неговиот татко, и тогаш и на факултет бил исфрлан зашто го фатиле, како дели порноматеријали на други студенти.

Обвинителството ја отфрли тужбата против родителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...