Сиљановска Давкова во Валандовo: Време е да се стави крај на безаконието, непотизмот и враќање на владеењето на правото

Како да сме застанале во времето бидејќи очигледно е дека не само што нема внатрепартиска демократија во СДСМ а на сите им држат лекции за потребата од реформи, туку нема никаква демократија ниту во владата бидејќи сета власт е концентрирана во рацете на премиерот, тој го има првиот и последниот збор, истакна проф. д-р Сиљановска Давкова.

215

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Валандово.

Сиљановска Давкова посебен акцент стави на владеењето на правото и правната држава, односно како што рече таа Македонија не е слободна држава во изминатите две и пол години, односно дека со оваа влада таа е далеку од тоа, соопштија од тимот на Кандидатот за претседател, Гордана Сиљановска Давкова.  

Сиљановска Давкова спомена дека граѓаните секојдневно се иселуваат од државата, бидејќи со оваа влада тие немаат никаква преспектива за да останат овде.

– Луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се најпотребни, најумните најспособните, најкомпетитивните, оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика за тоа да води сметка дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив како да ги бркаат. Тоа мора да се смени, кажа Сиљановска Давкова.

Таа пред граѓаните потенцираше дека иако ветувале живот, не го донеле животот, алудирајќи на тоа дека доколку граѓаните ја изберат нејзе за претседател на Република Македонија ќе се бори за еколошката заштита и дека тоа ќе биде еден врвен приоритет бидејќи се работи за животот на граѓаните.

Според нејзе, иако СДСМ и Заев го склучиле Преспанскиот договор со образложение дека тој е услов за влез во ЕУ и НАТО, тоа не е така, бидејќи ЕУ ќе испорача нови услови за исполнување на европски стандарди бидејќи токму тие се неопходни за почеток на преговорите.

– Лани прославија членство или почеток на преговори со ЕУ зошто демек ако се исполни условот наречен Преспански договор година само потписот ќе се стави и ќе почнеме да преговараме. Јасно е дека од тоа ништо не бива и сега повторно измислуваат по наводници аргументи и сигурни сме дека повторно Европската унија односно комисија ќе измисли некоја формулација од типот на уште една дополнителна домашна задача, за да може да се подготви почетокот на преговорите што веќе ги почнавме или веќе требаше набрзо да ги почнеме. Причината лежи во отсуството на исполнување на било кој европски стандард, а тие се неопходниот услов за почеток на преговори и за членство на ЕУ, вели Сиљановска Давкова.

Таа смета дека функционерите од владата на Заев се во изборна кампања, односно како што рече таа како професор по уставно право одговорно тврди дека е шок кога ќе се види министер за внатрешни работи во кампања, а гледа и други министри и директори на јавни претпријатија кои се шефови на изборни штабови, нагласувајќи дека со ова не може да се зборува за департизирана администрација.

Таа изјави дека владеењето на СДСМ е како во минатото без демократија, а власта концентирана во рацете на еден човек, што претставува лош начин на практикување на власта.

Се чини дека и практикувањето на власта е како некогаш, како да сме застанале во времето бидејќи очигледно е дека не само што нема внатрепартиска демократија во СДСМ а на сите им држат лекции за потребата од реформи, туку нема никаква демократија ниту во владата бидејќи сета власт е концентрирана во рацете на премиерот, тој го има првиот и последниот збор, истакна проф. д-р Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека е потребно обединување и заедништво на сите граѓани во државата и масовно излегување на изборите на 21 април се со цел да се врати правото и правдините во Македонија.

– Оваа земја не е пристојна земја, ова земја е непристојно место зошто тие се однесуваат непристојно, зошто живеат како да се изолирани од народот и затоа мислам дека народот на 21 април треба да им покаже дека постоите заради нас, од нас ви извира мандатот и легитимитетот. Нѐ заборавивте тогаш, сега ние ќе ви речеме збогум – рече Сиљановска Давкова. 

На крајот, таа заврши дека доаѓа време да се стави крај на безаконието, непотизмот, криминалот и корупцијата и конечно враќање на владеењето на правото и слободата во Македонија.

– Доаѓа времето кога треба да се стави крај на беззаконието на пропадната економија, на корупцијата и криминалот, на невидениот непотизам и фамилијарните односи,а тоа е 21. април, тоа е денот кога ние уште еднаш ќе потврдиме дека и кога мислат дека сме паднати во духот, тогаш сме пред конечната одлука. Одлука да си ја повратиме слободата, да си го вратиме правото и правдата и за Македонија и во Македонија, заврши Сиљановска Давкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...