Францускиот претседател Емануел Макрон, вечерва изјави дека е „многу емотивно за целата нација“ да ја гледа катедралата Нотр дам зафатена од огнени јазици и како се урива нејзината кула.
– Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва, напиша Макрон на Твитер и воедно изрази солидарност со „сите католици и Французи“.
Макрон за 20 часот имаше закажано редовно обраќање пред новинарите за состојбата на нацијата, но го откажа поради големиот пожар во Нотр Дам.