Полицијата два пати не го нашла Чавков дома

1213

Полицијата двапати отишла во проверка на домот на поранешниот директорот на БЈБ, Митко Чавков, еднаш во 6 часот попладне, на 27 март, а вториот пат два и пол часа подоцна. Ниту еднаш никој не им отвори, брифира претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Овој факт, Кривичниот суд го зел во предвид кога одлучувал по барањето на обвинителството за одредување на мерката притвор на Чавков по поднесеното обвинение истиот ден. Џолев објасни дека на 27 март, Судот добил известување од полициската станица Центар дека полициска екипа извршила две контроли – едната во 18 часот, а другата во 20 и 30 часот на адреса на домот на Чавков, но тој не бил најден на наведената адреса, ниту некој отворил врата.

Претседателот на Кривичен  рече дека Законот за Кривична постапка во ваков случај е јасен и во него стои дека ако лицето на кое му е одредена мерка куќен притвор, се одадлечи од местото каде што треба да ја издржува мерката, ќе му се одреди затворски притвор.

Судот, подоцна добил објаснување дека Чавков самиот одлучил каде ќе ја издржува мерката куќен притвор, односно на друга адреса од онаа што била наведена во решението на Врховниот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...