Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од девет до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање. За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето