Преуранета е дебатата за стапките на персоналниот данок, но таа ќе се донесе откако ќе се направат сите анализи, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
– Не треба да се плашиме од ниедна реформа што ќе дојде преку дебата. Дебата очигледно сега се отвора и според мене преуранета. Министерството за финансии треба да излезе со податоци, да ги презентира, да даде доволно влезни аргументи па да почне дебатата. Рефрмата во персоналниот данок е владина програма, а ако е владина програма таа ќе се спроведе. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е да се постигне ефект и благодает, а суштината е да постигнеме фер и правично општество – рече Заев.
Заев рече дека не може тој со 10.000 денари и тој со 10.000 евра плата да плаќа ист данок.
-Тоа не е фер општество. Оттука преку дебата ќе ја одмериме границата на другата стапка што треба да биде воведена, а таа дебата треба дополнително да стигне до оние 3,4, 5 проценти горе, дури можеби и помалку од 5 отсто кои се екстремно богати и реално е да платат повеќе. При плаќањето повеќе, државата ќе може да ја подигне социјалната помош на 12.000 денари и да го воведе бесплатното болничко лекување, да ги мотивираме лекарите. Но, истовремено не смееме да дозволиме младите информатичари кои сакаат да се вратат, да заминат. Ние треба да ги мотивираме. Сите давачки на работодавците да бидат издржани, да не дестимулираат миграции надвор од државата – рече Заев.
Премиерот информира и дека се размислува за воведување на донок на добивка од три проценти за компаниите од информатичката технологија, за да може дополнително да се мотивираат големи компании да дојдат во змејава.