Млад пар ја донира својата матурска облека за матуранти од социјално загрозени семејства

5650

Двајца млади донираат облека за матурска вечер на матуранти од социјално загрозени семејства. Се работи за 21 годишниот Димитар Аврамов од Неготино и една година помладата Михаела Димитријевска од Крива Паланка кои студираат во соседна Бугарија, програмирање и забен техничар.

– Се што сакаме, е да донесеме среќа за двајца матуранти, момче и девојче. Да се чувствуваат убаво на својата матурска вечер, со радост да ја прослават и по тоа да ја паметат – рече Аврамов.

Истовремено, сопственичка на козметичко студио од Неготино, донира шминкање и средување на нокти за две матурантки, кои самите не можат да си го дозволат тоа. Аврамов вели дека интересот за донирање пред матурските вечери се зголемува и многумина други се заинтересирале за иницијативата на овој млад пар, па биле најавени и други донации од хумани луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...