Ѝ избегал на српската полиција, па во Дебар Маало пробал да украде автомобил

1892

Скопското обвинителство отвори истрага против српски државјанин за тешка кражба бидејќи на 10 месецов се обидел да украде возило на една фирма во Дебар Маало.

Осомниченото лице со штрафцигер го скршил задното десно стакло на паркирано патничко моторно возило „ренџ ровер“, сопственост на правно лице. Потоа влегол во возилото и со електронски уред за декодирање и клуч за стартување се обидел да го стави возилото во погон. Во тој момент, од блискиот угостителски објект излегол сопственикот и го затекнал осомничениот во возилото, со што го спречил во намерата противправно да го присвои автомобилот вреден 6.241.800 денари“, соопштија од обвинителстото.

Инаку, крадецот се бара со национална потерница во Србија и за да не избега и од Македонија, обвинителството побарало притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...