Наполнете гориво од полноќ бензините поскапуваат од 2,5 до три денари, дизелот 1,5 денар

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде цената на „еуросупер 95“ и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на „еуросупер 98“ и ќе се продава по 73 денари за литар.

254

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде цената на „еуросупер 95“ и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на „еуросупер 98“ и ќе се продава по 73 денари за литар.

Малопродажните цени на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...