„Јахја Кемал“: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас

283

Управата на ПСУ „Јахја Кемал“ реагира дека секоја година пред уписите, одредени центри шират невистини и клевети за нивното реноме, за да им наштетат.

Од таму велат дека училиштата со одлука влада на Република Македонија се основани во 1996 година и дека од тогаш до денеска имаат стекнато реноме во областа на воспитно образовната дејност како во рамките на државава така и на меѓународно ниво.

Додаваат дека за брендот на ПСУ ”Јахја Кемал” зборуваат освоените многубројни врвни резултати на полето на воспитно образовната дејност како во државните така и на меѓународните научни олимпијади. Матурантите со стекнатите меѓународно признати дипломи на нивното училиште се запишуваат на најелитните универзитети во светот со целосна стипендија и со тоа го докажуваат квалитетот на стекнатото образование во нивните училишта.

– За жал, за да се влијае на бројот на учениците кои сакаат своето образование да го стекнат во нашите училишта, секоја година во периодот на уписи за наредната учебна година од оддредени центри се шират невистини и клевети за нас. Истите центри ги упатуваме доколку имаат конкретни информации и докази за нашите училишта, да се обратат на државните органи и судски инстанци, а не да шират секоја година лаги и невистини со што ја манупулираат јавноста, стои во реакцијата на генерална управа на ПСУ ”Јахја Кемал”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...