Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.
На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и во Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски, ќе биде на митинг во Куманово.
Силјановска-Давкова од 18.30 е во Валандово, а во 20.30 во Гевгелија.
Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!“ во текот на денешниот ден ќе биде на средби со граѓаните во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Куманово.
Пендаровски во 15.00 часот ќе биде помеѓу граѓаните на Старо Нагоричане, каде во централното подрачје на Старо Нагоричане ќе има обраќање пред граѓаните, а во 16.30 часот се сретне со граѓаните на Ранковце.
Во 17.50 часот, Пендаровски ќе има учествува на граѓанска трибина на градскиот плоштад во Крива Паланка.
Во 20.10 часот, на градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи централниот граѓански митинг, каде ќе се обратат Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.