Зошто се одлучивте да прифатите да бидете кандидат за градоначалник на Дебар?
– Се одлучив да се кандидирам поради фактот што верувам во себе, бидејќи сум чесен, сум транспарентен, имам желба и визија како да продолжам да ја имплементирам целосно програмата на ДУИ за Дебар од 2017 година. Таа програма беше изгласана масовно од избирачите, а голем дел веќе е реализирана од страна на сега починатиот градоначалник Ружди Лата. Затоа треба целата програма да ја довршам јас бидејќи има силна поддршка од ДУИ, која ме кандидираше и е дел од владината коалиција на РС Македонија.
Кои се приоритетите на Вашата Програма?
– Главни приоритети се: решавање на проблемот со целосно снабдување на градот и во летниот период со вода, со изградба на еден нов резервоар. Потоа систематизација и уредување на градската депонија, регулирање на сообраќајот во градот со создавање нови паркинзи во неколку делови на градот опфаќајќи го тука и центарот на градот. Предвидувам решавање на проблемот со кучињата скитници со отварање стационар за кучиња со регионален карактер. Потоа предвидувам санација на одредени локални патиша и одредени регионални патишта во соработка со централната власт, како и изградба на места за играње за деца.
Како го гледате Дебар со Вас по две години и со кои кадрови ќе го зајакнете кабинетот?
– Дебар по две години ќе биде европски град. Ќе има чиста вода за пиење, не ќе има загаден воздух, со регулирани улици и без смет. Ќе има уреден сообраќај и изградени паркинзи. Ќе има економска зона каде ќе се одвива активноста каде ќе делуваат малите и средните фирми. Ќе има многу туристи кои ќе ги посетуваат туристичките ресурси во Дебар како што се Дебарските Бањи, Дебарското Езеро… Исто така, ќе има богат спорт и развиена културна активност. Кабинетот ќе го зајакнам со експерти и професионалци и тоа од младата популација за да им се даде можност да продолжи развојот на овој град кој има богата историја и е убав.