Обука на патронажните сестри за подобра грижа во домашни услови

98

Министерот Филипче ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажните сестри во Здравствениот дом Велес

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во регионалниот едукативен центар во Здравствениот дом Велес ја отвори обуката за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри, во организација на Министерството за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и во соработка со Симулацискиот медицински центар на Република Северна Македонија.

– Со оваа обука, здравствените услуги ги доближуваме поблиску до граѓаните, преку добивање на здравствена заштита и услуга во домот. Патронажните сестри се клучни, затоа што тие работат во заедницата, со семејствата, со поединецот – изјави министерот Филипче.

Обуките за унапредување на здравствените услуги преку јакнење на капацитетите на патронажни сестри ќе се спроведуваат во сите јавно здравствени установи низ државата. Во подготовка се стандардните оперативни постапки во патронажа, како и општите и специфични интервенции и подготовка на правилникот за патронажа.

Кочани е првата општина во која почна да се реализира мобилен сервис за грижа во домашни услови, во септември 2018 година. Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...