Седим пред некој дн со еден класичен ВМРО-вец и уште покласичен СДСМ-овец и им викам: „И да собирам и да ве ваѓам, со вас двајца све ми излага нула“.
И одма се уљутија, што да ти распраам, па некако и се удружија (просто се изненадив), браќа мислиш…
Ај им викам, со примери да ви објасним.
Пример прв
Митинг на ВМРО 100.000 људи.
Излага еден и вика, „браќа и сестре“,
Стално сум се прашуел зашто ваќе се викаа, па отпосле сватив тиа да ти биле фамилија.
„Имам идеја“, вика овја.
Свите 100.000: „Кажи, брату“.
„Од утре мие ќе праемо ауто наше македонско. И тоа хибрид“.
Се слуша џагор кеј 50.000.
Ваѓа слика од „Мерцедес“ и им вика: „Ваќе ќе изгледа“.
Свите 100.000: „Браво, брату!“.
И нема туе заебанција, уште од бина им дели задатци. ОК Долно Дупени ќе га прае шасијата. ОК Кривогаштани ќе го прае погонскиот дел (имале инџењер без работа). ОК Брвенца ќе го прае ентериерот. ОК Радовиш ќе прае шал табла. Склопуење у Скопје (нормално)…
И нема туе, ај да видимо. Од утре почнуе реализација на идејата од братот. По шес месеца от когај му драле мајка на буџетот, ги ваѓаа првите сто комада. Осовинскиот дел им избегал за 50 сантима, фелне место алуминиумски железни, нигде нема ретровизор, место кожа у нутра платно обично, луфта на волан у п.м., хауба никој не отвора (од стра)…
Прецедникот на митинг ги пушта у употреба аутава и вика:
„Сега браќа и сестре, со ова сто комада идемо за Солун, зашто Солун је наш!“.
Влагаа овја у аутава и од сто комада пеесе уште на поаѓање се запаљуа, зашто уште на првиот митинг пола место хубрид чуле кибрит и на палење со кибрит им се запалиле аутата (и поарно, прошле без жртве).
Од останатите пеесе, уште у Скопско поле завршиле дваесе. Кому му откажале кочнице, кому го заебала луфтата од воланот… Меѓу Велес и Неготино откажале уште дваесе. Меѓу Неготино и Гевгелија уште пет. И на граница стигнале пет душе употени, пожолтени, чекаа пасошка контрола и – опааааааа!
Доаѓа цариников, вика: „Браќа се извинуем, по вас има потерница, ај назад у Шутка“.
Резултат од идејата – 0 (со зборој, нула).
Рипа ВМРО-вецот, ми вика: „Брат, га претера“.
Комуњарава се смешка шеретски.
„Брат – му викам – не се нервирај, еве истово вашево, у СДС варијанта“.
Пример втор
Митинг СДСМ, 100.000 људи.
Излага еден и вика:
„Другарќе и другари“.
И одма чекаш по него Јосип Броз да излезе, ама не излага.
И одма у масава почнуа:
„Кој го качи бе овега овде, не можеа некој друг да најда?“
Тој продужуе:
„Ми смо сто пута попаметни од ВМРО. Свите 100.000!“.
Таќе јееееееее! (Само туа се слажа).
„Јас имам идеја!“.
И почнуе туе комешање у масава.
„Кој си бе ти да имаш идеја?“
И одма почнуа да оговараа, до десето колено стигнуа, како никој у фамилија немал порано на функција, дека немаа ниеден магистер а камо ли доктор на науке, директор у јавно претпријатие ич да ти немале… И стугнуа до закључок дека он је фактички шпијун ВМРО-вски инфилтриран у СДСМ.
Туку еден од масата, колку го држи глас, вика:
„Ај бе кажи да те чуемо со идејата“.
Овја колку го држи глас:
„Пошто сто пута смо попаметни од ВМРО, мие да напраемо ауто наше македонско хибрид и да им покажемо на људиве кој е кој“.
Е туе више нема пардон, одма од масава му се плеска у фаца:
„Ти бе не си нормален, кој ти дозволи бе ти да имаш идеја. Ти знаеш дека за ова треба најмалку пет године јавна дебата?“.
Друг нервозен одма му се тутка:
„Ти бе си прашал меџународна ова да ти одобри?“
Еден таќе мекан, ама муш, му вика:
„А ЛГБТ зеједницата си ги прашал кеј ќе биде мењач а к’де ручна, на седиште или покрај седиште и ал ќе се дига мануелно или аутоматски?“
„Алоооо, а кеј ќе седи родител 1, па родител 2, ти таќе мислиш је тоа, си имал идеја, мајката…“
И таќе кеј СДСМ резултатот је нула уште на старт.
Сега нервозен СДСМ-овецов, а ликуе ВМРО-вецов. И одма СДСМ-овецов се смее и вика:
„Мие сто пупа сме попаметни од ВМРО-вциве, мие у Солун идемо со аутобус!“.
Му се врти ВМРО-вецов и ка од топ му вика:
„А бе брат, не у Солун, вие и Берлин можете да стигнете, ама друг к’ј ве вози!“.
И таќе они продужија да се караа, а мие и даље смо на – нула!