Вооружени лица утрово извршило разбојништво во „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.
Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.
Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.
Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.
Како што соопштија од НЛБ банка, заедно со надлежните работат на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.
Посочуваат дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.
-Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, истакнуваат во соопштението.