Ахмети: Ќе има последици ако Иванов ги аболицира осудените за 27 април

508
ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека претседателот Ѓорге Иванов ќе дејствува непромислено ако ги аболицира осудените за 27 април. Тој вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата.

– Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции –  рече Ахмети во изјава за медиуми.

Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...