Ахмети ќе оди напред, заедно со жените

502

Жените ќе бидат преставени од 30 до 40 отсто во раководните органи на партијата на претстојниот конгрес на ДУИ и правично застапени во државните институции, вети вчера лидерот на партијата Али Ахмети на Изборното собрание на Форумот на жените.

– Ќе бидат преставени во Централниот Одбор, Претседателсвото на Демократската Унија за Интеграција како и правично застапени  во сите државни институции, било во извршните или законодавните. Има волја од мнозинството на претседателите на ограноците, на членовите на Централниот одбор и Претседателството и во ова прилика сакам да им се заблагодарам на сите коишто придонесоа во организацијата на овој многу важен настан каде вие ќе гласате. Воедно сакам да им се заблагодарам на вашите најблиски, вашите семејства, сопружници, родителите, мајките, браќата, сестрите, тие кои што ве поддржале вие да бидете дел од овие важни процес и вие да бидете дел од нераздвојната историја на Албанците, затоа што нашата историја не може да се дели помеѓу мажи и жени, туку таа е национална историја и Албанската мајка е дел од националната историја на териториите каде што живее – рече Ахмети.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...