Триесет и едногодишен син ја убил својата 58-годишна мајка со лопата, пренесува „Курир.рс“.
Настанот се случил вчера, а убиецот веднаш бил приведен од полицијата.
Пред да се случи трагедијата, мајката и синот имале жестока расправија во куќата во која живееле како подстанари.
Убиецот ја претепал со лопата, нанесувајќи ѝ смртоносни удари на главата. Жената починала на лице место.
Тој и претходно бил осудуван за тепачка и имал полициско досие.
Досега семејно насилство не било пријавувано од страна на мајката.
Според соседите, убиецот имал проблеми со наркотици.