Мицкоски: Деспотот е на колена, СДСМ на митингот во Скопје доживеа фијаско

4705

Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците коишто се прават, затоа што деспотот е на колена, СДСМ е на колена, а овие избори само побргу ќе го бутнат на земја, порача од Градско лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека со овие избори ќе добие Македонија, а ќе изгуби СДСМ и како што вели, тие малкумина клиенталисти околу деспотот Заев, па затоа  е потребна голема победа на 21 Април, а потоа и на 5 Мај.

Мицкоски рече дека со денешниот митинг на СДСМ, тие доживеале фијаско во Скопје , немало луѓе кои ги поддржувале, и СДСМ не успеал да собере ни петмина од тоашто успеал ВМРО-ДПМНЕ  заедно со народот вчера да ја поздрави новата хероина, новата претседателка на Република македонија, професорката Гордана Сиљановска Давкова.

– Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоашто потребно е да ја осолободиме Македонија од канџите на Зоран Заев  и Пендаровски Стево – додаде Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...