Околу 1.500 луѓе се евакуирани од плоштадот „Независност” во Киев и блискиот трговски центар по две дојави за бомби, објави денеска прес-службата на киевската полиција.
– Полицијата доби повик дека во трговскиот центар е поставена бомба. Еден час подоцна, пристигна уште еден повик дека бомба била ставена на плоштадот „Независност“.
Експертите на надлежните служби се наоѓаат на терен.