Наумче Мојсовски: Стево е играч кој ќе го остави срцето на терен за подобро утре

828

Прв говорник на денешниот митинг за поддршка на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, беше ракометарот Наумче Мојсовски. Тој рече дека цврсто верува дека донесовме тешки но правилни одлуки за нашата земја. Компромисите кои ги направивме со цел членство во НАТО и ЕУ беа повеќе од потребни. Верувам дека насоката во која сега се движиме е правилна и треба да продолжиме напред, преку глас за Стево Пендаровски.

Тој кажа дека како играч многупати се борел за победа на Македонија секаде во светот, затоа знае дека таков играч е и Стево Пендаровски. Наумче истакна дека е убеден дека се чекори кон вистинскиот пат, кон НАТО и ЕУ. Тој рече дека Стево е вистинскиот играч и дека ќе го осстави срцето на терен за подобро утре.

– Со него Македонија ќе оди напред -рече Мојсовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...