Кај археолошкиот локалитет Стоби вчера полицајцијата запрела патничко мoторно возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, при што возачот С.А. (22) од село Петралица, се обидел да избега, но е лишен од слобода.
Во возилото биле пронајдени 11 лица-мигранти од кои едно лице од Ирак, едно лице од Пакистан, шест лица од Авганистан и три лица од Сирија.
Известен е јавен обвинител.