Утрово околу 4 часот во Скопје на крстосницата со булевар .„Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.
М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.