Поранешниот премиер, а сега бегалец Никола Груевски од Будимпешта будно ги следи случувањата во Македонија. Тој во својата последна Фејсбук објава цитира мисла на познатиот германски филозоф Артур Шопенхауер, претставник на песимизмот, познат по својата мисла дека „ Овој свет е најлош од сите можни светови“.
Над споделен текст за СДСМ и објекти кои владеачката партија не ги ставала во употреба, поради како што се наведува фрустрации, Никола Груевски пишува:
– За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI