На вечерашните средби со жителите на општина Босилово и Василево, заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски повика на изборите да се поддржи концептот што води напред, бидејќи тоа значи членство во НАТО и интеграција во ЕУ што обебзедуваат нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.
– На 21 април и на 5 мај, на избори, да дадеме ветер во грб на политиките на оваа власт за да покажеме дека нашата Македонија е на правиот пат, а не да дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека сѐ ќе поништат и ревидираат сѐ што оваа власт направи добро за народот и за државата. Затоа, масовно да излеземе на изборите и да гласаме за број 3, за да продолжиме по истинскиот пат заедно напред, повика Пендаровски.
Тој пред присутните истакна дека претстојние избори се особено важни за да продолжат реформите, да продолжи напредокот во интеграциите.
– Во изминативе речиси две години, сведоци сме на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Европа за Република Северна Македонија. Го обезбедивме и заштитивме идентитетот и ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО – порача Пендаровски.