Оперскиот пејач и поранешен директор на МОБ, Игор Дурловски, се појави на бината на митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред Владата и ја отпеаа државната химна.
Откако заврши со пеењето тој само кратко порача: „Ќе живее Македонија“.
Дурловски е единствениот кој доби ослободителна пресуда во судскиот процес за „27 април“ каде беше обвинет како еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ дека користел потпалувачки говори.