На третата средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања на Северна Македонија и Грција, кој вчера и денеска се одржа во Атина, остварен е напредок во исполнување на задачите на Комитетот и се потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба, се наведува во заедничко соопштение на министерствата за надворешни работи на двете земји за состанокот на Комитететот кој беше воспоставен согласно со Преспанскиот договор.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, состанокот се одржал во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера.
– Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја – соопшти МНР.