Инфантино: Судиите ќе прекинуваат натпревари во случај на расизам

108

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, рече дека судиите можат да добијат право да го прекинат натпреварот кога се манифестира расизам.

Тој, исто така, истакна дека организацијата ќе продолжи во обидите целосно да го искорени расизмот и секоја друга форма на дискриминација во фудбалот.

– Во последниве денови, беше многу тажно да се видат бројни расистички инциденти во фудбалот. Ова е навистина неприфатливо. Расизмот нема место во фудбалот, како и во општеството. Расизмот треба да заврши. Точка. Во нашите натпреварувања ја воведовме таканаречената процедура „три чекори“: механизам кој им овозможува на судиите да одат толку далеку што ќе го прекинат натпреварот во случај на дискриминаторски инциденти – изјави Инфантино.

Првиот човек на ФИФА ги повика сите здруженија, лиги, клубови и дисциплински тела да ја применуваат истата постапка, и да применуваат строги санкции за случаите на расизам во фудбалот.

– Ние ќе продолжиме да се бориме против расизмот и ќе им гарантираме на сите наши здруженија за членство во целосна поддршка во оваа задача. Ние нема да се двоумиме да сториме сé што е во наша моќ за искоренување на расизмот и секоја друга форма на дискриминација, почнувајќи од фудбал, на кое било ниво и насекаде во светот – додаде Инфантино.

За потсетување, вчера, натпреварот од 32. коло од првенството на Франција помеѓу Дкжон и Амиен беше прекинат неколку минути поради расистички навреди упатени до гостински фудбалер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...