Река: Ако мислат дека не сум способен, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец

304

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, мене не ми е потреба позитивна дискриминација, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и за својата идеја за Балкански Бенелукс, избирачкиот список и меѓуетничките односи.

– Јас ќе се концентрирам во четири главни полиња – дипломатија, одбрана, безбедност и судство. Во судството, толку колку што ми е дозволено со Уставот, со избор на уставни судии и членови на Судскиот совет, ќе внимавам за изберам, да именувам само чисти досиеја на судии. Кога велам чисти досиеја на судии, тоа е неполитизирани судии, судии неповрзани со непотизам, туку судии кои навистина со нивниот интегритет, професија може навистина да придонесат за она што го сакам, а тоа е владеење на правото. Во другиот дел, по години наназад изолирана држава мислам дека после Преспанскиот договор и после Договорот со Бугарија, Македонија веќе од, да речеме, еден проблематичен сосед, кој така се отсликуваше со една надворешна перцепција со години, веќе станува еден од најдобрите и најконзистентните соседи на Балканот. Немаме никакви други проблеми, ниту со Косово, ниту со Србија, со Албанија, така што во водење на надворешната политика јас ќе се придржувам на моето гесло – Нула проблеми со соседите – вели Река.

Целото интервју можете да го прочитате и погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...