Почнува кампања за дарување коскена срцевина, 60 врвни експерти се собраа во Македонија

125

Подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот, е целта на кампањата „Биди срцевина, биде херој“, што од денеска ќе ја спроведува Универзитетската Клиника за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство.

Кампањата ќе биде промовирана во рамки на првата дводневна работилница за трансплантација на коскена срцевина насловена „Идни перспективи и предизвици“, што ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, а на која ќе учествуваат 60 врвни меѓународни експерти од земјава и странство од областа на трансплантацијата на коскена срцевина.

Меѓу учесниците ќе бидат Мохамед Мохти, професор по хематологија и шеф на Одделот за хематологија и клеточна терапија во рамки на болницата „Сен Антуан“ при Универзитетот Сорбона во Париз, кој е лидер на работната група за акутни леукемии во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Кристина Петерсе, професор по педијатрија на Одделот за стем клеточна трансплантација во рамки на детската болница „Св.Ана“ во Виена и главен истражувач во студиите за терапија на леукемија кај педијатриски пациенти во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Радован Врховац, шеф на Одделот за трансплантација на коскена срцевина во рамки на Универзитетскиот клинички центар во Загреб и Марјаж Север, кораководител на програмата за трансплантација на Клиниката за хематологија при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...