Силајновска: Случајот со Смилковско езеро покажува како е кога нема правна држава

816

Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова вечерва од Прилеп рече дека најмногу ја вознемирува случката што се случи пред седум години на Смилковското езеро.

– Настанот што со право може да се нарече терористички, и без право и правда, а тоа е државата во која што живееме. Тоа не го заслужуваа невините луѓе. Тоа е атак врз уставниот поредок. Тоа е терористички чин. Меѓутоа правен епилог нема. Да потсетам што велеше премиерот тогаш дека има снимки, дека никој нема да остане неказнет, но се чини дека правото и правдата не стигаат – нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска вети дека ќе се раководи на Уставот и законите, ќе го остави судот да суди и нема никој да се меша во судската власт. Но додека премиерот е претседател на Советот на судски реформи право и правда нема да има.

Според неа, откако оваа власт е тука секој ден има енормни скандали што ја тресат државата. Невидена корупција, криминал, клиентелизам, непотизам, и Македонија стана најскандалозната земја во Европа.

Нели минатата година ова власт го прославија почетокот на преговорите со ЕУ. Годинава само требаше да дојде јуни и ние да ги почнеме преговорите. Ама сега од ЕУ доаѓаат гласови дека е потребна подготвителна фаза. За што подготвителна фаза? Можеби знаете што е најлесно? Како што го ставија знамето на НАТО пред да влеземе во НАТО, можеби ќе доживееме и за инспирација на ЕУ, да го истакнат и знамето на ЕУ, за да има за што да слават – нагласи Сиљановска Давкова.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...