До сега видовте што нудам јас, а што нудат другите. Јас мислам дека не нудат ништо освен враќање назад. Разликата е како небо и земја, како црно и бело. „Заедно напред“ е слоганот на мојата кампања. Во тие два збора е содржано и она во што верувам, дека заедно можеме и треба да одиме напред, дека напредокот почна и враќање назад нема, истакна заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, на вечерашната средба со жителите на Арачиново.
Пендаровски нагласи дека нуди заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ. Со пристапувањето кон Унијата и НАТО, рече, се отвараат нови перспективи за подобар живот на сите.
– На 21 април да го избереме концептот за напредок, да го избереме број три, да не дозволиме никој да не враќа назад, да продолжиме напред, заедно напред, порача Пендаровски и побара од сите граѓани заедно, сплотени, како што рече, да продолжат по патот по кој тргна Северна Македонија