Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра.
Силјановска Давкова како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија. Овој извештај се уште не е објавен на страната на Антикорупциската комисија.
Според извештајот на сметката за кандидатката за претседател донирале 250 граѓани од кои наголеми донации уплатиле потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски 3 илјади евра и пратеникот Антонио Милошоски две ипол илјади евра.
Претходно, според извештаите за другите два престедателски кандидати, Стево Пендаровски потрошил 484 илјади евра, додека неговиот противкандидат поддржан од албанската опозициска Беса и Алијанса за Албанците, Блерим Река потрошил 25 илјади евра.