Во Шведска уапсен Дејан Давидовски, обвинет за „27 април“

1915

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, потврдиле за САКАМДАКАЖАМ.МК од македонското Обвинителство, од каде велат и дека Македонија побарала негова екстрадиција.

Како што објави шведскиот весник „СВТ нихетер“, 39-годишниот Давидовски, по кого пред една година има распишано меѓународна потерница и по кого трагаше Интерпол, е уапсен во Шведска, на аеродромот Скаваста каде што пристигнал на 7 април.

Tој е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието. Тој е македонски државјанин, но патувал со документи од друга европска земја каде што живеел. Тој има и шведски број на социјално осигурување, бидејќи работел во Шведска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...