Имавме одредени технички проблеми кои не се по наша вина, се работи за виша сила и ги надминавме тие проблеми, сега сајтот на ДИК работи.
Ова е одговорот на претседателот на ДИК Оливер Дерковски, на забелешките на новинарите зошто во ек на претседателската кампања веб страницата на Комисијата не работи и не се објавени извештаите за потрошените пари во кампањата на кандидатите за претседател.