Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првите 10 дена од кампањата потрошил 480 илјади евра, Блерим Река 25 илајди евра, а за кандидатката Гордана Силјановска Давкова сѐ уштенема податоци, стои во објавата на Државната изборна комисија за финансиските извештаи на партиите за првата половина од изборната кампања за претседател на државата.
Во ДИК тврдат дека сите законски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за да достават извештај за првите 10 дена на 11-от ден од кампањата. До понеделник, ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите.
За Стево Пендаровски преку членарини на членови на СДСМ донирани се 163 илјади евра, додека околу 3 илјади се уплати на физички лица.
Блерим Река има приход од донации во износ од 18 илјади евра, кои главно се донации од Беса и од Алијансата за албанците.
На овие избори за прв пат државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите. Во кампањата, претседателските кандидати имаат право да потрошат максимум 110 денари по запишан избирач, односно, секој кандидат по речиси 3,3 милиони евра.